Претседателот на колумбиската фудбалска федетација уапсен по финалето на Копа Америка

355

Претседателот на колумбиската фудбалска федерација Рамон Хесурун и неговиот син беа уапсени по финалето на Копа Америка, кое Колумбија го загуби со 1-0 во Мајави. Тие се приведени под обвинение за нанесување телесна повреда на службено лице.

Полицијата во Мајами соопшти дека инцидентот се случил веднаш по крајот на натпреварот на стадионот Хард Рок. Според нивното објаснување, Хесурун и неговиот син се обидувале да се симнат на теренот за доделување, но се нервирале и почнале да викаат кога обезбедувањето ги запрело бидејќи му било наложено привремено да го забави протокот на луѓе во тој правец.

ПретходноРодри со провокација до Англичаните: Мората го потсети каде игра, но нему не му е гајле (ВИДЕО)
СледноШест македонски екипи денеска во европската ждрепка