Дамјан Робев следната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Македонскиот репрезентативец после три години минати во МЗТ Скопје е сели во таборот на градскиот ривал.
Робев зад себе има сезона за паметење, беше прогласен за најкорисен играч во финалето на Купот на Македонија. Покрај МЗТ Скопје тој настапуваше за Вардар, Гостивар и Куманово.
Работнички на клупата го задржа Горан Самарџиев, целта е јасна атак на титулите во домашниот шампионат и секако успешен настап во АБА2 лига.