Родри со провокација до Англичаните: Мората го потсети каде игра, но нему не му е гајле (ВИДЕО)

769

Родри, шпанскиот репрезентативец кој беше прогласен за најдобар играч на ЕП, во понеделникот вечерта во Мадрид отпеа „Гибралтар е шпански“ и на тој начин допре до долгогодишниот спор за време на прославата на освоената титула европски првак. Гибралтар е британски полуостров со 33.000 жители на југот на Шпанија, за кој Лондон и Мадрид се расправаат со децении.

„Гибралтар е шпански, Гибралтар е шпански…“, пееше 28-годишниот Родри, како што може да се види на снимката објавена на порталот на весникот „Марка“, која ја пренесуваат и други шпански медиуми. Шпанската јавна телевизија (RTVE) на својата веб-страница објави дека за време на прославата неколку играчи „во неколку наврати“ пееле за шпански Гибралтар.

Некои англиски медиуми тој момент го опишаа како „невкусен“. Во еден момент од прославата Алваро Мората го потсети Родри дека игра во Англија, на што Родри одговори: „Не ми е гајле“.

Ова е причината зошто корисниците на социјалните мрежи оставаат главно негативни коментари на профилите на навивачите на Манчестер Сити. „Ќе биде депортиран“, „Каков начин да се прекине една победничка серија“, „Ако толку му е гајле зошто е во Англија?“, „Ова не му е најдобриот ПР“, се дел од коментарите на Х (поранешен Твитер), додека другите се сигурни дека после ова ќе го напуштат клубот.

Родри, 28-годишниот играч од средниот ред, е играч на Сити од 2019 година и е под договор до 2027 година. Тој одигра повеќе од 250 натпревари за клубот и со него ја освои титулата во Лигата на шампионите и четири пати ја освои Премиер лигата.

ПретходноУтре на Струга ТЛ ќе и суди човек што ја делел правдата на „Ел Класико“!
СледноПретседателот на колумбиската фудбалска федетација уапсен по финалето на Копа Америка