Велат „крушата под круша“ паѓа. Се чини ова правило засега не важи за синот на Леброн Џејмс. Брони, новиот член на ЛА Лејкерс имаше уште една ноќ за заборав, тој во поразот од Бостон (88-74) постигна само два поени со 1/5 од поле, а во игра мина 25 минути.
Брони има неверојатни 0-15 за три поени, а веќе стигнаа и критиките. Џејлен Браун потенцира дека се уште не е подготвен за НБА.
„Мислам дека Брони не е професионалец“, рече Браун, мислејќи на тоа дека помладиот Џејмс сè уште не е подготвен за НБА.