Спектакл на “Сантијаго Бернабеу“! Перез:Килијан, добредојде дома! Мбапе: Хала Мадрид! (ФОТО + ВИДЕО)

445

 

Невиден спектакл на “Сантијаго Бернабеу“ пред повеќе од 85.000 фанови на Реал Мадрид. “Кралевите“ го промовираа Килијан Мбапе, најголемата ѕвезда во моментов во светскиот фудбал. Претходно се потпиша договорот, потоа следуваше фотографирање со Флорентино Перез со дресот со бр.9.

За да потоа Мбапе како нов “крал“ излезе пред преполниот “Сантијаго Бернабеу“. Тука беа покрај него и Перез, како и неговите родители, но и Зинедин Зидан што му даде посебен печат на овој спектакл.

“Драги Килијан, добредојде дома“ рече покрај другото Дон Флорентино кој конечно успеа да го оствари сонот на милиони фанови на Реал, Мбапе да го направи “крал“.

“Мадридистите“ се во екстаза, го добија најдобриот во светот кој покрај другото им порача дека е многу среќен што член на Реал и продолжи:

„Го исполнив мојот сон да бидам играч на Реал Мадрид, на најдобриот клуб во светот. Ќе му го дадам животот на овој клуб. Хала Мадрид…“.

 

ПретходноГалевски по вторпат прогласен за МВП!
СледноТиквеш тргна за Исланд: Кавадарци – Солун – Виена – Рејкјавик!