Тиквеш тргна за Исланд: Кавадарци – Солун – Виена – Рејкјавик!

914

Во четврток (18.07.2024) Тиквеш во возвратниот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции му гостува на Бреидаблик во Копавогур и тоа со почеток од 21:15 часот по македонско време. На првиот меч во Скопје нашиот тим победи со 3:2 и тоа со пресврто губеше со 0:2.

Инаку експедицијата на кавадарчани утринава тргна за Солун од каде ќе има авио лет до Виена, потоа се лета за Рејккавик и секако потоа со автобус до конечното одредиште а тоа е градчето Копавогур каде во четврток навечер се игра реваншот.

ПретходноСпектакл на “Сантијаго Бернабеу“! Перез:Килијан, добредојде дома! Мбапе: Хала Мадрид! (ФОТО + ВИДЕО)
СледноУЕФА го избра тимот на ЕУРО: Шестмина од Шпанија, тука се и Мусиала, Вокер, Аканџи…!(ФОТО)