Трапановски со гол и две асистенции во дресот на Данди Ј., деби на Бабунски (ВИДЕО)

571

Нашиот Кристијан Трапановски денеска за првпат беше стартер во дресот на Данди Јунајтед и успеа да ја покаже својата вистинска вредност. На мечот од 2. коло во шкотскиот Лига Куп на кој се појави и Давид Бабунски, кој заигра во првиот тим, иако денеска само што беше претставен како ново засилување на шкотскиот состав, Трапановски се запиша и во листата на стрелци

Трапаносвки блескаше во првото полувреме, откако двапати асистираше за водство на неговиот нов тим од 2:0, а на стартот на второто полувреме и самиот се запиша во листата на стрелци за 3:0 за Данди Ј.

Трапановски беше заменет во 62. минута, додека Бабунски остана во игра до 66. минута за својот нов тим.

ПретходноМеси на нови прегледи, нема да игра на МЛС Ол-Стар натпреварот?
СледноОсмани: Мислам дека можеме да ја анулираме негативата од два гола