Откако денеска УЕФА го одбра идеалниот тим на ЕУРО 2024, следуваше и изборот на ТОП-10 голови на првенството.
Се разбира дека голот на Ламине Јамал (Шпанија) против Франција е прогласен за најубав на првенството.
На второ место е голот на Џуд Белингем (Англија) со Словачка, па следуваат головите на Џердан Шаќири (Швајцарија) со Шкотска, Николае Станчиу (Романија) со Украина, Арда Ѓулер (Турција) со Грузија, Мерт Мулдур (Турција) со Грузија, Фабиан Руиз (Шпанија) со Хрватска, Оли Воткинс (Англија) со Холандија, Матиа Закањи (Италија) со Хрватска, а ТОП – 10 листата со најубави голови ја зваршува Чави Симонс (Холандија) и неговиот гол со Англија.