Рикардо Де Бургос Беонгочеа од Шпанија утре во Охрид ќе ја дели фудбалската правда на реваншот меѓу Струга ТЛ и Слован Братислава од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Станува збор за млад судија,има 38 години, роден во Билбао. Важи за еден од најдобрите шпански судии, редовно им суди на Реал Мадрид и Барселона, а судел и на Ел Класико.
Утре во Охрид негови помошници ќе му бидат негови сонародници, а и ВАР судиите доаѓаат од Шпанија, од земјата која е нов европски шампион.