Шест македонски екипи денеска во европската ждрепка

300

Три машки и три женски македонски екипи денеска ќе ги дознаат противниците за Европската сезона која ги очекува. Алкалоид, Охрид и Тиквеш во машка конкуренција и Ѓ. Петров, Чаир и Металург Автокоманда во женска конкуренција.

Во женскиот ЕХФ Куп се екипите на Чаир и Металург Автокоманда кои стартуваат од второто коло.

Во ЕХФ Куп во машка конкуренција во која Македонија ќе има три претставници.
ГРК Тиквеш ќе играат во првото коло, а ќе бидат во ждрепката и за второто каде пак се Алкалоид и ГРК Охрид.

Во ЕХФ Европската лига во женска конкуренција, македонскиот првак, Ѓ. Петров ЖРК е претставник на Македонија во ова натпреварување.

Ждрепката стартува во 11 часот и можете да ја гледате на следниот линк.

ПретходноПретседателот на колумбиската фудбалска федетација уапсен по финалето на Копа Америка
СледноПоранешни тренери на Челзи во игра за местото на Саутгејт