Алваро Мората денеска и официјално се збогуваше со своите соиграчи и стручниот штаб во екипата на Атлетико Мадрид.
Утрово, шпанскиот напаѓач пристигна на „Ванда Метрополитано“ за да се збогува со раководството на Атлетико, вклучувајќи го и претседателот Енрике Серезо. Веднаш потоа, тој замина во Лос Анџелес де Сан Рафаел, во близина на Мадрид, за да се збогува со тренерите и играчите.
Утре капитенот на европскиот шампион Шпанија, ќе одлета за Милано на лекарски преглед во неговиот нов клуб, екипата на Милан. За 31-годишниот Шпанец, Милан ќе плати отштета во висина од 15 милиони евра.