Утре на Струга ТЛ ќе и суди човек што ја делел правдата на „Ел Класико“!

358

Рикардо Де Бургос Беонгочеа од Шпанија утре во Охрид ќе ја дели фудбалската правда на реваншот меѓу Струга ТЛ и Слован Братислава од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Станува збор за млад судија,има 38 години, роден во Билбао. Важи за еден од најдобрите шпански судии, редовно им суди на Реал Мадрид и Барселона, а судел и на Ел Класико.

Утре во Охрид негови помошници ќе му бидат негови сонародници, а и ВАР судиите доаѓаат од Шпанија, од земјата која е нов европски шампион.

ПретходноАнтонела со специјална честитка за својот Лео!
СледноРодри со провокација до Англичаните: Мората го потсети каде игра, но нему не му е гајле (ВИДЕО)