Вардар поразен на втората контрола во Словенија!

1216

 

Вардар попладнево ја одигра својата контролна средба во текот на летните подготовки во Словенија. По триумфот над силната Мура, момците на стратегот Горазд Михаилов во Словенска Бистрица беа поразени од тимот на Бистрица со 1:0. Победничкиот гол словенечкиот тим го постигнал во 74.минута. Прво бил суден пенал, голманот на Вардар Мето Велковски го одбранил пеналот, но на таа одбиена топка натрчал играч на Бистрица и ја сместил во мрежата на Вардар.

Ова беше уште една убава проверка за вардарци да видат до каде се со моменталната форма.

Инаку Вардар овој меч го започнал со следните стартни единаесет…May be an image of text

ПретходноСлован победи и во реваншот, Струга ТЛ својата шанса ќе си ја бара во Лигата на Конференции!
СледноЈамал со нов број на дресот на Барса! (ФОТО)