Надал ќе игра на последниот Грен Слем сезонава

79

22-кратниот носител на трофеи од Грен Слем турнирите, Шпанецот Рафаел Надал одлучи да игра на овогодинешниот УС Опен.

Специјализираниот тениски портал „Only Tennis“ ја објави веста која ги разбуди фановите на трофејниот Шпанец.

Според нивните сознанија, Надал ќе го искористи заштитениот пласман за влез во главната ждрепка и ќе игра на последниот Грен слем во сезоната.

Надал четирипати во кариерата триумфираше на УС Опен, а последната титула во Њујорк ја освои во 2019 година.

ПретходноПолувреме: Струга ТЛ е во убедлива негатива, Ристевски си даде и автогол!
СледноЛоша вест за Далас