Се посилни се гласините дека Реал Мадрид само ден по потписот на килијан Мбапе веќе работи и на ангажман на една од ѕвездите на англиски Ливерпул, Трент Александер-Арнолд. Веста ја потврдува и англиски „Ток Спорт“.
Александер-Арнолд ја помина целата своја кариера во „црвените“, но може да се случи негово заминување од „Енфилд“, затоа што влегува во последната година од договорот со „црвените“.
Засега се уште нема вести за продолжување на соработката, па Реал ја следи неговата ситуација во Ливерпул и се надева дека може да го убеди да дојде во Мадрид.
Александар-Арнолд стекна големо пријателство со Џуд Белингам за време на Евро 2024 и тоа може да помогне во преговорите, сметаат новинарите на „Ток Спорт“.