По поразот од Австралија, денеска во Абу Даби уште еден пораз на светскиот вицешампион. Србија на Никола Јокиќ во контролен меч на турнирот во Абу Даби во пресретна ОИ, доживеа дебакл од силната селекција на САД со 79:105. Значи Србите биле поразени со -26 поени, иако во првата фаза од средбата добро се држеа, имаа водство од +6.
Но потоа како се тргна наопаку за момците на селекторот Светислав Пешиќ кој и на овој меч не сметаше на Богдановиќ. Најефикасен на мечот беше Стеф Кари со 24 поени и уфрлени 6 тројки.
Треба да се каже дека САД и Србија ќе се сретнат во 1.коло во групната фаза на ОИ во Париз.
Фото: USA basketball Twitter