Вардар ги „пали моторите“, денеска прв собир во Скопје

274

Ракометниот клуб Вардар 1961 денеска и официјално ги почнува подготовките за новата сезона. Стартот е закажан за 18 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Според планот на стручниот штаб, првите десет дена ќе се работи во салата во СЦ „Јане Сандански“, за потоа да се замине на висински подготовки во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките.

Подготовките во Маврово ќе бидат одработени во периодот од 26 јули до 3 август, по што екипата се враќа во Скопје. Досега е сигурно дека Вардар ќе учествува на два турнири, оние во Струга од 14 до 7 август и во Охрид од 20 до 24 август.

Претходно“Новак, заедно со Џордан, е најголемиот спортист во историјата“!
СледноИрвинг на операција поради скршеницата на раката