Вардар попладнево ја одигра својата контролна средба во текот на летните подготовки во Словенија. По триумфот над силната Мура, момците на стратегот Горазд Михаилов во Словенска Бистрица беа поразени од тимот на Бистрица со 1:0. Победничкиот гол словенечкиот тим го постигнал во 74.минута. Прво бил суден пенал, голманот на Вардар Мето Велковски го одбранил пеналот, но на таа одбиена топка натрчал играч на Бистрица и ја сместил во мрежата на Вардар.
Ова беше уште една убава проверка за вардарци да видат до каде се со моменталната форма.
Инаку Вардар овој меч го започнал со следните стартни единаесет…