Динамо Загреб на својата официјална страница ја објави цената на билетите за дуелот со Вардар. Двата тима ќе одиграат пријателски на „Максимир“ за од таборот на хрватскиот тим за кого настапуваат македонските фудбалери Стефан Ристовски и Аријан Адеми соопштија дека билетите ќе се продаваат по цена од 10 евра.
Во најава за оваа средба се и навивачи на „црвено-црните“, засега не е позната точната бројка.
Мечот меѓу Динамо Загреб и Вардар е закажан за 23 јули со почеток во 19 часот.