Кошаркарите поразени од Словенија во многу подобра игра

98

Македонската кошаркарска репрезентација запиша нов пораз на ЕП, беше совладана од Словенија со 82-71 во битката за осминафинале. Иако резултатот не беше во корист на „црвено-жолтите“, сепак видовме една поинаква игра на нашите момци на ЕП А „Дивизија“ во Полска.

Македонија ќе игра за пласман од 9. до 16.место на шампионатот. А прв противник ќе биде поразениот од дуелот во кој нешто подоцна ќе се сретнат репрезентациите на Италија и на домаќинот, Полска.

А прв противник во таа, слободно може да се каже и нокаут-фаза, ќе биде поразениот од дуелот во кој нешто подоцна ќе се сретнат репрезентациите на Италија и на домаќинот, Полска.

Јовановиќ постигна 19 поени и пет асистенции, зад него беше Шошкиќ со 15 поени, 4 скока и 4 асистенции, додека пак Симиќ имаше 14 поени.

По трите порази, избраниците на Боро Смилковски испратија порака дека сепак можат многу повеќе. Откако Словенија во првата четвртина поведе со 27-16, се чинеше дека ова ќе биде уште еден натпревар во низа кој ќе биде лесно загубен. Но, кошаркарите изненадија. Следниот период го добија со 12-17 и на одморот веќе намалија на 39-33. Со пет поени во низа, Македонија на стартот на третата четвртина дојде на минус еден (58-51). И не застана тука на двапати успеа на кратко да дојде до водство од еден кош (43-44 и 46-47), по што противникот со седум поени во низа поведе со 53-47. За жал ова темпо не го задржаа напите момци, постигнаа уште четири поени до крајот на овој период, а примија девет за 62-51.

Словенија за жал подобро се снајде во последниот период, нашите момци примија лесни поени, направија грешки кои на крајот беа казнети.

ПретходноКлисман Цаке: Нема да биде лесно, но Шкендија не се предава, напротив!
СледноПотпис на денот – Лука Модриќ