Лина Ѓорческа и денеска покажа дека е во добра форма. Откако во неделата не успеа да триумфира во финалето во Рим, таа денеска со 2:0 (6:0 и 6:1) ја победи Карла Томаи од Португалија и успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Порто.
Интересно, Македонката и препушти на домашната тенисерка само еден гек.
Ѓорческа утре во 16.30 часот ќе се сретне со Маја Џоинт од Австралија во битка за пласман во 3.коло на турнирот во Порто.