Македонските каратисти со три медали по првиот ден на Европската Универзијада

40

Македонската универзитетска карате репрезентација, во елиминациските борби од првиот ден на европската универзијада во Унгарија, постигна одличен резултат. Нашите каратисти Петар Заборски (-75 кг) и Данило Божовиќ (+84 кг), успеаја да влезат во финале, додека пак Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата (-68 кг).

Стефан Стојановиќ загуби за влез во финалето и потоа во борбата за бронзениот медал оствареи резултат 1-1, но поради правило на прв земен поен на крајот мораше да се задоволи со пласман на петтото место.

ПретходноПо Мбапе, Реал тргнува и по младата ѕвезда на Ливерпул
СледноЗакариќ и Ќосиќ и официјално ставија потпис на договорите со Вардар