Никола Брауновиќ е ново засилување за Силекс

605

Прволгашот од Кратово, Силекс, денеска парафираше договор со ново летно засилување. Станува збор за 26-годишниот Црногорец со малтешки пасош, Никола Брауновиќ, кој во Кратово доаѓа од екипата на Балзан од Малта.

Брауновиќ настапува на позицијата централен играч за врска и ќе биде големо освежување за Силекс во новата сезона. Потекнува од школата на Бокељ, а има настапувано во неколку тимови од малтешкиот шампионат.

ПретходноРасистичкиот скандал донесе поделби: Французите од Челзи не сакаат да го видат Енцо Фернандез
СледноТиквеш пристигна на Исланд, во мислите е пласман во 2. коло на КЛ (ФОТО)