Османи: Реално Слован беше убедливо подобар од нас!

263

 

Струга ТЛ ја заврши својата одисеја во квалификациите во ЛШ. Денеска вио Охрид нашиот шампион беше поразен повторно од Слован со 1:2, па така со вкупни 3:6 се пласира во следната рунда, а Струга ТЛ ќе игра во Лигата на Конференции со Пјуник.

По средбата во Охрид, тренерот на стружани Ќатип Османи истакна: „Првично, влегувањето во игра беше погрешно, не бевме јасни во нашите позиции, што ќе не натераше да ја бараме играта еден на еден, мислам дека и поради таа грешка го примивме првиот гол, но поради таа акција каде не ги покривавме добро линиите на средината на противникот, дојде вториот гол, кој жестоко не казни“ – најпрвин изјави тренерот Ќатип Османи, признавајќи дека денеска на тимот му недостигала агресивност на теренот, но и некои други елементи.

„Ни недостигаше агресивност на овој натпревар, особено во првото полувреме, каде Слован Братислава, како и на дуелот на свој терен, беше побрз и поагресивен, статистиката не ја знам, но во двете пресметки беа убедливо подобри од нас, на словенечкиот тим му посакувам успех во следните натпревари“. – рече Османи.

ПретходноЛина со одлична партија ја мина првата пречка во Порто!
СледноРК Вардар од денеска во “погон“, тука беа и сите нови ракометари! (ФОТО)