Заврши првото полувреме од реванш дуелот во 1.квалификациско коло во ЛШ меѓу Струга ТЛ и Слован, кој се игра попладнево во Охрид. Гостите од Словачка имаат предност со 0:2 и тоа со голот на Вајс во 9.минута,а потоа и со автоголот на Ристевски во 34. Прво Стрелец го фаулираше Ристевски, судијата тоа не го досуди, Вајс потоа се прошета низ домашната одбрана и успеа да го совлада Дујмовиќ.
Во 34.минута Ристевски односно беше во дуел со Стрелец, не успеа да се снајде за да потоа си даде автогол.
По овие 0:2 или вкупни 2:6 се знае кој ќе оди во следната фаза во квалификации во ЛШ, без разлика што има да се игра и второто полувреме во Охрид.
Струга ТЛ трипати се закани, двапати Ибраими и еднаш Радиќ, но сепак не успеа да постигне барем еден гол.