Потпис на денот – Лука Модриќ

2075

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид штотуку потврди дека Лука Модриќ повторно потпишал едногодишен договор и дека ќе остане во „кралскиот“ клуб уште една сезона.

Иако многумина веруваа дека Модриќ ја игра последната сезона во клубот, одлуката на Тони Крос да се пензионира веројатно влијаеше и на промената на плановите на Флорентино Перез.

Модриќ доби уште едногодишен договор, свесен дека го чека улогата на резервен играч, но и да биде ментор на подмладениот среден ред.

Реал во официјалното соопштение потврди дека Модриќ потпишал договор до јуни 2025 година, а дека ќе стане и капитен по заминувањето на Фернандеш.

Модриќ во Реал пристигна во летото 2012 година, а досега има освоено 26 трофеи, од кои дури шест пехари во Лигата на шампионите, а во 2018 година ја освои и Златната топка.

За Реал Мадрид одигра дури 534 натпревари, а ќе продолжи да ги руши своите рекорди и во новата сезона.

ПретходноКошаркарите поразени од Словенија во многу подобра игра
СледноПознати се стартните состави: Струга ТЛ со Бесарт и Радески ќе го напаѓа Слован, Кехинде е на клупа!