Расистичкиот скандал донесе поделби: Французите од Челзи не сакаат да го видат Енцо Фернандез

367

Французите од Челзи, Весли Фофана, Аксел Дисаси и Мало Густо го избришаа од своите листи на пријатели на социјалните мрежи својот соиграч Енцо Фернандез.

Сите тројца престанаа да го следат Аргентинецот на Инстаграм.

Тоа се случи откако Енцо Фернандез, во прославата на триумфот на Копа Америка, се појави во живо на својот Инстаграм профил, каде заедно со некои соиграчи од репрезентацијата пееја песна со расистички призвук наменета за француската репрезентација.

Освен што го отстрани својот соиграч од Инстаграм, Весли Фофана, кој има корени од Брегот на Слоновата Коска, видеото го сподели и на својот „Х“ профил со порака: „Фудбалот во 2024 година: Незауздан расизам“, напиша тој.

Во исто време, Францускиот фудбалски сојуз поднесе тужба против инволвираните. Англиските медиуми пишуваа дека и Челзи, кој исто така не го коментираше овој инцидент, започнал интерна истрага.

ПретходноИбраими: Не очекува тежок меч, но овој пат среќата нека биде на наша страна
СледноНикола Брауновиќ е ново засилување за Силекс