Слован победи и во реваншот, Струга ТЛ својата шанса ќе си ја бара во Лигата на Конференции!

437

Струга ТЛ – Слован 1:2 е епилогот од денешниот реванш меч во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите одигран во Охрид.Па така стружани, исто како и лани, се елиминирани на стартот во овие квалификации во ЛШ, но сега со вкупни 3:6. По ова јасно е дека својата шанса тренерот Османи и неговите избраници својата шанса ќе ја бараат во Лигата на Конференции каде во 2.квалификациско коло ги чека двомеч со ерменскиот Пјуник.

Не почна овој реванш меч во Охрид добро за Струга. Уште во 9.минута водство за словачкиот шампион.Прво Стрелец го фаулираше Ристевски, судијата тоа не го досуди, Вајс потоа се прошета низ домашната одбрана и успеа да го совлада Дујмовиќ за 0:1 за Слован

Ибраими во 23.минута опасно се закани, но да не биде 1:1 се погрижи гостинскиот голман Трновски кој изби во корнер. Во 34.минута лоша проценка на дефанзивецот Кире Ристевски си даде автогол за 0:2.Следуваше уште една шанса за Ибраими, а Радиќ во 45.мораше да регаира подобро.Па така на пауза се замина со тие 0:2 или севкупно 2:6 за Словаците.

 

Второто полувреме очекувано започна без Кире Ристевски, во соблекувалната остана и Воша, а во игра влегоа Кехинде и Укпа.

Струга ТЛ тргна на се или ништо,но далеку беше тоа од некои опасни закани кон голот на Трновски, ако не се смета ударот на Ибраими. На спротивната страна Стрелец имаше голема шанса во таа 51.минута за 0:3,но сепак за среќа за домашните не успеа да ја погоди мрежата.

Откако не успеа таа агресија на Струга ТЛ, во продолжение од второто полувреме гостите во манир на голем тим како да ја умртвија играта, но сепак опасно се закануваа кон голот на Дујмовиќ. Струга ТЛ како да немаше сила да стори нешто повеќе. Во 71.минута повлечени од игра беа Радески и Ибраими, а влегоа Такахара и Компаоре, ова значеше дека е време да се сочуваат силите за тоа што следува во Лигата на Конференции. Паметно.

Немаше причина за било што друго.

Но затоа Струга ТЛ постигна гол, Такахара нафрли пред голот на Трновски, за да Компаоре со глава успеа да ја затресе мрежата на Слован за 1:2.

 

1.квалификациско коло во ЛШ-реванш (2:4 прв меч)

СТРУГА ТРИМ ЛУМА – СЛОВАН БРАТИСЛАВА 1:2 (0:2)

Стадион “Билјанини Извори“ во Охрид. Судија: Рикардо де Бургос Беонгочеа (Шпанија). Стрелци: Компаоре 86. (СТР), Вајс 9., Ристевски (авт)34. (СЛО).

СТРУГА ТЛ: Дујмовиќ, Радиќ, Ристевски (46.Укпа), Кривањева, Влајковиќ (85.Илиевски), Јевтоски, Шабани, Спировски, Воша (46. Кехинде), Ибраими (71.Компаоре), Радески (71. Такахара).

Тренер: Ќатип Османи.

СЛОВАН: Трновски, Бајриќ, Кашиа, Вимер (89. Матеаш), Блекман, Соке, Куцка, Војтко (57. Марсели), Мак (57. Толиќ), Стрелец (69.Савидис), Вајс (69.Зуберу).

ПретходноЛоша вест за Далас
СледноВардар поразен на втората контрола во Словенија!