Тиквеш пристигна на Исланд, во мислите е пласман во 2. коло на КЛ (ФОТО)

364

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш, доцна синоќа пристигна на Исланд, каде утре треба да го одигра реванш натпреварот од 1. коло во Конференцуската лига на УЕФА против тамошниот претставник Бреидаблик.

Кавадарчани во Скопје пред една недела со пресврт славеа над исландскиот тим со 3.2, па сега со позитивни мисли заминаа на реваншот кој е на програмата утре. Управата и играчите и по мечот во Скопје истакнаа дека на Исланд заминуваат со само една мисла – победа и пласман во 2. коло од квалификациите.

ПретходноНикола Брауновиќ е ново засилување за Силекс
СледноГрадоначалничката на Париз денеска ќе плива во Сена за да покаже дека водата не е загадена