Ламине Јамал ќе има нов број на дресот кога ќе игра за Барселона следната сезона, но тоа нема да биде “десетката“.Имено откако се врати Ансу Фати,таа повторно ќе оди кај него, додека Јамал ја одбрал „деветнаесетката“. Онаа која Лео Меси ја носеше на почетокот од својата кариера во Барса.
Иако раководството на Барса посакувало Јамал, од комерцијални причини, да ја земе “дестката“, сепак тој не прифатил и рекол дека таа треба да оди кај Фати.
Уште еден доказ каква личност Јамал кој во саботата наполни само 17 години и блескаше на ЕУРО 2024 каде со Шпанија дојде до трофејот.
Треба да се каже дека Јамал досега во Барса го носеше дресот со бр.27.