Шкендија утревечер од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, ќе ги одмери силите си ерменската Ноа, во реванш дуел од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
На првиот меч во Ерменија тетовци беа поразени со 2:0, а во пресрет на утрешниот реванш на денешниот прес видување искажа стратегот на нашиот евро претставник, Јетон Беќири:
„Секогаш кога се влегува во реванш со негатива не е лесно. За нас неприфатливо е да губиме во Европа, но тоа е. Работевме напорно на грешките и атмосферата и ќе направиме се за да ја анулираме негативата од првиот меч“ посочи тој и продолжи…
“На првиот меч ниту ние, ниту Ноа не бевме конкретни завршницата. Реално мечот требаше да заврши 0:0. Затоа и боли што примивме голови од аут и корнер. Значи од незиградени ситруации. Не треба да се лажеме, не одигравме добро на првиот меч, посебново нападот.Се надевам дека нема да ги повториме грешките од првиот меч. Дотолку биде така тогаш верувам дека ќе ја анулираме предноста на Ноа утревечер. Не би сакал да говорам за противникот, се знае дека Ноа ангажираше доста нови имиња, па и Чинари. Ние треба да се подобриме“.
Како да се стигне разлика од два гола?
“Два гола не се малку, но не се и недостижни. Ќе кажам пак,не одигравме добро, ќе мора да се поправиме.Не смееме да се оптоваруваме со прв гол. Ќе бидеме во игра до самиот крајна оваа реванш средба. Со мирна игра и без паника мора да пристапиме кога ја имаме топката, тоа важи и кога се браниме. Не смееме да подлегнеме под притисок“.