Во Аеродром се работи: МЗТ Скопје на крајот на август на силен турнир во Кина

241

Дека МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски бренд за кој се знае не само надвор од државата туку и надвор од регионот и континентот, доволен доказ е поканата за настап на силниот турнир во Кина (27 август-1 септември).

Аеродромци кон крајот на следниот месец ќе заминат во кинескиот град Чонгкинг, кој се наоѓа во истоимената провинција во оваа трета по големина земја во светот. Овој турнир ќе биде исклучително квалитетен, на него ќе настапат и кинеските шампион Лиаонинг и вицешампионот Ксинјанг додека името на четвртата екипа, која исто така ќе биде од Европа, дополнително ќе биде објавено.

Ова ќе биде одлична проверка за четата предводена од тренерот Васко Атанасов во пресрет на сезоната во која ќе се брани двојната круна на домашна сцена и ќе биде направен обид за добар настап во АБА2 и евентуална враќање во јадранската елита.

Летово нови аквизиции се Американецот Брандон Слај и Србинот роден во БиХ, Милош Копривица, додека соработката ја обновија Хрватот Марко Бакович и браќата Дамјан и Војдан Стојановски. Договор имаат уште и Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.

ПретходноСтруга ТЛ во офанзива, потребни се голови во мрежата на Слован!
СледноПријателски: Брера со победа, Беса со реми!