Клисман Цаке: Нема да биде лесно, но Шкендија не се предава, напротив!

110

И покрај поразот во Ерменија од 2:0 на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, меѓу играчите на Шкендија владее оптимизам дека може да се мине оваа пречка, која се вика Ноа. Тоа го кажа и дефанзивецот Клисман Цаке на денешниот прес во пресрет на утрешниот реванш:

“Нормално е дека сме подготвени за да сториме се што треба да  ја стигнеме предноста на Ноа. Нема да биде лесно,но не се предаваме, напротив. Се зна квалитетот на Чинари. Долго време беше со нас, но далеку од тоа дека треба да се концентрираме само на еден противнички играч. Фудбалот е колективен спорт“истакна дефанзивецот на Шкендија.

ПретходноЈетон Беќири: Верувам дека може да се анулира разликата, Шкендија мора подобро да одигра!
СледноКошаркарите поразени од Словенија во многу подобра игра