Лоша вест за Далас

859
ФОТО: Dallas Mavericks Twitter

Кошаркарот на Далас Маверикс Кајри Ирвинг ја скрши левата рака за време на подготовките за новата сезона, за која беше потребна операција, потврдија од клубот.

Маверикс не соопштија колку време ќе треба да закрепне Ирвинг (32), но додадоа дека доколку биде потребно ќе ја информираат јавноста за новостите поврзани со повредата.

Ирвинг и Лука Дончиќ го предводеа тимот од Далас до минатомесечното финале на НБА, во првата сезона играа заедно, но Бостон ја освои титулата по пет одиграни натпревари (4:1).

Искусниот Американец имаше просек од 25,6 поени на 58 натпревари од регуларната сезона, додека се бореше со повреди на стапалото, петата и палецот.

ПретходноНадал ќе игра на последниот Грен Слем сезонава
СледноСлован победи и во реваншот, Струга ТЛ својата шанса ќе си ја бара во Лигата на Конференции!