Мората по медицинските прегледи испрати порака до фановите на Милан

440

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Алваро Мората денеска ги помина лекарските прегледи во шпанската престолнина пред трансферот во Милан, пренесува „Скај Спорт“. По завршувањето на тестовите, европскиот шампион со Шпанија зборуваше конкретно за италијанската телевизија. Тој потпиша четиригодишен договор.

„Имам голема доверба во Златан, тимот и тренерот. Едвај чекам да започнам. Но, пред тоа морам да одам на одмор и да уживам со семејството, бидејќи тие секогаш ми помагале. Инаку од утре ќе почнев да тренирам. Вистината е дека Италијанците отсекогаш се однесувале кон мене со голема почит и едвај чекам прво да одам на одмор во Италија, а потоа повторно да играм таму. Од разговорите со Златан почувствував само позитивни работи. Знам дека најдобрите години од мојата кариера допрва доаѓаат и сакам да му се приклучам на овој голем клуб Милан. Дали ќе го носам дресот со број 9? Не знам, мора да разговараме за тоа и ќе видиме“, прокоментира Мората, кој веќе има искуство во Серија А со тимот на Јувентус.

ПретходноДинамо Загреб соопшти: Билетите за дуелот со Вардар ќе чинат 10 евра
СледноКејн со емотивно збогум до Саутгејт