Попладнево во Болу (Турција),екипата на Шкупи одигра пријателски меч со турскиот Генчлебирлиги. Истиот заврши со резултат 2:2, а стрелец на двата гола за чаирчани беше Гронер.
На Маџари во Скопје силите ги одмерија прволигашите Пелистер и Силекс.Интересно, и овој меч заврши со резултат 2:2. Стрелци за Пелистер беа Спиркоски и Силјановски, додека головите за кратовци беа дело на Ефтимов и Маронг.