Струга ТЛ во офанзива, потребни се голови во мрежата на Слован!

138

 

Денеска од 17 часот на “Билјанини Извори“ во Охрид, во реванш меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, Струга Трим Лум како домаќин го дочекува Слован, шампионот на Словачка. Познато е дека во Братислава на првиот меч беше 4:2 за Слова, па така ако нашиот шампион сака минување во следната фаза во ова натпреварување, ќе мора да победи најмалку со два разлика.

Дека ќе биде тешко, тука нема дискусија. Слован и на првиот меч покажа дека е екстра силна екипа, состав кој знае да одигра на резултат, кој знае кога и како треба. Има искуство во себе.May be an image of football, soccer and text that says 'UEFA CHAMPIONS LEAGUE FIRST QUALIFIYNG ROUND MATCH DAY 20 F.C. STRUGA SLOVAN 15 夫 BRATISLANI TRIM TRIM&LUM & LUM BILJANINI IZVORI OHRID 17:00 #forcaStruga #WeAreStrgua'

Од друга страна избаниците на Ќатип Османи на таа средба покажаа и тоа како дека можат да се носат со квалитетни ривали. Од 2:0 го свртеа резултатот на 2:2, тргнаа и по победнички гол,но ете примија два.

Добро е што и покрај тие 4:2 од Братислава во таборот на Струга ТЛ преовладува оптимизам, се верува дека може да се дојде до победа и тоа доволна за пласман во 2.квалификациско коло. Се знае дека во случај да не се успее тогаш Струга ТЛ продолжуваат со своите настапи во Европа ова лето во квалификациите во Лигата на Конференции. Сепак денеска мислите се победнички, потребна е офанзива, потребни се голови во мрежата на Слован.

ПретходноМлад фудбалер од Еквадор почина откако паднал во туш-кабина и ја повредил главата
СледноВо Аеродром се работи: МЗТ Скопје на крајот на август на силен турнир во Кина