Македонската женска фудбалска репрезентација не успеа да се пласира во бараж мечот кој води на ЕП. „Црвено-жолтите“ главната битка ја загубија против Летонија на домашен терен беа поразени со 1-2, примија гол во 96-та минута. Овој сегмент нашите девојки го заврши со пораз од Словенија и трето место во групата со две победи, реми и три порази.
Иако не се најдоа на чекор до големиот сон, сепак нашите фудбалерки нема да се откажат од исполнување на истиот.
Наташа Андонова се огласи на социјалните мрежи потенцирајќи дека вербата никогаш нема да ја загубат.