Шокантно: „Не сакав да го родам Роналдо, сакав да абортирам!“

240

Позната врската меѓу Кристијано Роналдо и неговата мајка Долорес. Нема интервју во кое тој не ја споменува како најважна личност во својот живот. Нема нејзин роденден или било каква пригода, тој да не и подари автомобил или куќа нешто друго вредно.

Сепак, како што самата изјавува, малку недостигало Кристијано и да не дојде на овој свет, за среќа тоа не се случило.

Имено поради проблемите во семејството и сиромаштијата таа не сакала да го роди Роналдо, поточно се мислела да абортира:

“Не сакав да го родам Роналдо, сакав да абортирам. Имав веќе три деца, со сопругот не се сложував зошто тој имаше проблеми со алокохолот.Но, ете, Бог сакал работите да се одвиваат на сосема поинаков начин. Сега сум горда на него, се што имам му должам на мојот син“ вели Долорес.

Image

ПретходноГотово е: Ракитиќ го раскинал договорот со Ал Шабаб, доаѓа во Хајдук!
СледноЗарем е можно: Со 14 години дебитираше во МЛС! (ВИДЕО)