Андонова не ја губи вербата: Не се откажуваме, имаме иднина и потенцијал

152

Македонската женска фудбалска репрезентација не успеа да се пласира во бараж мечот кој води на ЕП. „Црвено-жолтите“ главната битка ја загубија против Летонија на домашен терен беа поразени со 1-2, примија гол во 96-та минута. Овој сегмент нашите девојки го заврши со пораз од Словенија и трето место во групата со две победи, реми и три порази.

Иако не се најдоа на чекор до големиот сон, сепак нашите фудбалерки нема да се откажат од исполнување на истиот.

Наташа Андонова се огласи на социјалните мрежи потенцирајќи дека вербата никогаш нема да ја загубат.

ПретходноОфицијално: Борусија Дортмунд потпиша напаѓач со 30 гола на 30 натпревари
СледноЛитванија со нов селектор против Македонија