Артета донесе одлука за судбината на големата ѕвезда

1287

Според англиските новинари, Аренал е подготвен да се откажат од услугите на неколку ѕвезди ова лето, а сето тоа затоа што не се задоволни од нивните настапи во изминатите сезони.

Еден таков играч е Томас Парти, кој имаше многу проблеми со повредите, но на крајот од минатата сезона успеа да се врати и да ги одигра последните три натпревари од сезоната.

Иако на тие натпревари покажа многу сепак големи се шансите ова лето да заврши во друг клуб. Очигледно неколку играчи од средниот ред се на радарот на Микел Артета, а доаѓањето на еден од нив би значело и директно заминување на Парти од Арсенал.

Веќе подолго време се зборуваше дека неколку клубови од Саудиска Арабија се обидуваат да го доведат Парти, а минатата година имаше и конкретни понуди, но на крајот ги одби.

Со оглед на тоа што Парти има само една година од договорот со Арсенал, овој преоден рок е практично последна шанса за да раководството заработи од неговата продажба.

Некои играчи на Арсенал се вратија во клубот и почнаа да се подготвуваат за новата сезона, а се појави и фотографија од тренингот на која се гледаат Парти и Артета и расположението меѓу нив е одлично.

Навивачите на Арсенал тврдат дека нема шанси Артета да го продаде овој играч од средниот ред, а и следната сезона ќе го остави во клубот.

ПретходноБосански интернационалец во нападот на Силекс
СледноЗаврши најтажниот трансфер летово – Готови документи, потпишан договор!