Брентфорд сега го продава Тони со попуст од 50%

625

Англиски Брентфорд е подготвен значително да ја намали цената за Иван Тони. Клубот бараше 100 милиони фунти за играчот во јануари, а летово се појавија шпекулации дека цената која сега клубот ја бара за него меѓу 50-60 милиони фунти.

„Сан“ објави дека Брентфорд е подготвен да ги прегледа сите понуди од 50 милиони, бидејќи интересот за Тони по се изгледа е ограничен. Арсенал, Челзи и Манчестер Јунајтед покажаа интерес за Тони и попониската цена може да ги натера да се вратат во трката за него.

Тони има 28 години и има уште една година од договорот со Брентфорд.

ПретходноЕСПН: Мајкл Фелпс е најдобриот спортист во 21. век
СледноНишто од историја: Тиквеш убедливо поразен на Исланд, заврши европската одисеја! (ВИДЕО)