Виеира повеќе не е тренер на Стразбур

90

Легендарниот капитен на Арсенал и некогашен француски репрезентативец, Патрик Виеира повеќе не е тренер на Стразбур.

Францускиот клуб денеска соопшти дека Патрик Виеира поднел оставка од тренерската функција во заедничка согласност.

Некогашната ѕвезда на францускиот фудбал минатото лето потпиша тригодишен договор со Стразбур, но постигнатите резултати не ги задоволија апетитите на ниту една страна. Минатата сезона Стразбур го зазеде само 13. место во Лига 1 во Франција со 10 победи, девет нерешени и 15 порази.

ПретходноПолувреме: Спахиу донесе водство за Тиквеш, Бреидаблик израмни на 1:1!
СледноЕСПН: Мајкл Фелпс е најдобриот спортист во 21. век