Иван Ракитиќ се чини дека дефинитивно нема веќе да игра во Саудиска Арабија и дека се враќа во Европа. Според инсајдерот Фабрицио Романо, кој синоќа после полноќ објави дека Хрватот го раскинал договорот со клубот од Саудиска Арабија, Ракитиќ се враќа во Европа и дека се откажува од 15 милиони евра годишно.
Ова значи дека сега нема веќе никакви пречки еден од најдобрите хрватски фудбалери и конечно да стави потпис на договорот со Хајдук, да заигра во тимот на Џенаро Гатузо и да биде соиграч со нашиот репрезентативец Александар Трајковски.
Нема што, во наредните часови фудбалски Сплит ќе биде на нозе.