ЕП (У20): Младинците убедливо поразени и од Италија

106

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години претрпе уште еден убедлив пораз на Европското првенство во Полска. Во мечот за разигрување и пласман од 9 до 16 место, кошаркарите на селекторот Смилковски денеска беа поразени од Италија со 92:70.

Италија сигурно го почна мечот и во првото полувреме веќе успеа да створи голем капитал од 19 поени разлика. Во вториот дел се вративме со нијанса подобра игра, но не успеавме да намалиме од разликата, која Италијанците континуирано ја зголемуваа.

Теодор Симиќ со 18 поени беше најефикасен во нашата селекција, додека Јовановиќ и Бошалевски постигнаа по 13. Кај селекцијата на Италија одличен меч имаше Поцато кој постигна 33 поени.

ПретходноРабио си замина од Јувентус, која ќе биде следната дестинација?
СледноАтаман ги „пецна“ Бостон Селтикс: Ако сте најдобри, дојдете да се пробате со ПАО