Младиот стопер Лени Јоро (18) го напушти Лил, но на крајот изненади многумина со изборот на нов клуб. Всушност, судејќи според сите настани и пишувањето на Марка, тој немал избор.
Францускиот репрезентативец до 21 и до 23 години порасна во Лил, каде ги мина изминатите неколку години, а од 2022 година беше член на првиот тим. Овој исклучително талентиран стопер долго време беше на мета на Реал Мадрид, направи се за да премине во редовите на кралевите, се чинеше дека Сантијаго Бернабеу ќе биде неговиот нов дом, а на крајот потпиша за Манчестер Јунајтед.
Трансфер инсајдерот Фабрицио Романо вели дека се е договорено меѓу страните, дека Лил се согласил со понудата на Манчестер Јунајтед и дека се е подготвено за најава за трансфер, додека играчот веќе ги поминал лекарските прегледи и потпишал договор со англискиот клуб. Можеби не е најсреќен поради тоа, но останува со надеж дека порано или подоцна и онака ќе му се приклучи на Реал во иднина.
На сметката на Лил ќе бидат уплатени околу 62 милиони евра, заедно со осум милиони евра бонуси. Договорот беше потпишан на пет години со опција за уште една година.
Лени Јоро одигра 46 меча во Лига 1 и постигна два гола. Настапуваше за помладите селекции на Франција, има и еден настап за селекцијата до 23 години, која, според сите оценки, летово ќе ја претставува на Олимписките игри.