Ете и тоа го има во фудбалот. Супер талентот Каван Саливен го имаше своето деби во МЛС со само 14 години и 293 денови и со тоа стана најмлад спортист којима настап во сите поважни спортови во САД, и тоа во МЛС, НБА, МБЛ, НФЛ…
Инаку Каван веќе има потпишано договор со Манчестер Сити и тој ќе стапи на сила кога малиот ќе наполни 18 години. Каван е член на Филаделфија Унион и тој утринава влезе во игра во 85.минута на местото на Таибо во меч во кој неговиот тим славеше со 5:1 против Њу Ингланд. Тој е најмладиот спортист во историјата на САД, како што веќе нагласивме, во сите поважни спортови во оваа земја.
Welcome to the show, Cavan Sullivan. ✨
The 14-year-old becomes the youngest player to debut in MLS history. pic.twitter.com/qbgjh4QRns
— Major League Soccer (@MLS) July 18, 2024