Македонија падна едно место на ФИФА ранг – листата, Шпанија сега е трета!

220

Откако завршија ЕУРО 2024 и Копа Америка 2024, ФИФА утринава ја објава својата најнова ранг – листа. А таму нашата најдобра репрезентација и натаму е во пад, сега за едно место и во моментов се наоѓа на 72.место.

Секако дека последните резултати кои се разочарувачки за нашата јавност во секој случај доведуваат до тоа Македонија да паѓа на оваа листа.

Инаку најголем скок направи Шпанија и тоа +5 сега се наоѓа на 3.место на ФИФА листата. Се знае дека ова е поради фактот дека “Фуријата“ ја освои титулата европски првак со седум победи на исто толку мечеви на турнирот.

Аргентина како освојувач на Копа Америка само го зацврсти своето прво место, додека втора и натаму е селекцијата на Франција.

ПретходноСоиграчот на Шишковски ја исфрли Егнатиа па трипати се прекрсти сред Елбасан! (ВИДЕО)
СледноБарса со фантастично видео ги претстави новите дресови за следната сезона! (ФОТО+ВИДЕО)