Мојсов: “Играчите на Тиквеш вечерва мора да одиграат како да им е последен натпревар во кариерата“!

790

Европски Тиквеш, кавадаречки Тиквеш вечерва од 21:15 часот во Копавогур на Исланд ќе му гостува на Бредаблик во возвратниот меч од 1.квалификциско коло во Лигата на Конференции. Тие 3:2 од Скопје што Тиквеш ги однесе на Исланд како залиха секако дека се добар скор. Реално требаше според играта победата да биде поуверлива, но и вака е супер ако се знае дека Бреидаблик во Скопје имаше и 0:2.

Тиквеш е пред историја. Тиквеш посакува уште на своето деби во Европа да мине едно коло.Ова е златна шанса за четата на стратегот Ѓорѓи Мојсов кој за „СпортСпорт“ од далечниот Исланд денеска изјави:

“Имаме позитивен резултат пред вечерашниот реванш кај Бреидаблик. Јасно е дека сите размислуваме во Македонија дасе вратиме најмалку со нерешено, скор кој ни гарантира пласман во второто квалификациско коло. Исто така знаеме дека ако сакаме добар резултат за нас мора сите играчи на Тиквеш да одиграат како да им е последен натпревар во кариерата. Ова значи дека треба да се даде вечерва и повеќе од својот максимум. Имаме сили за добар резултат, знаеме што и како треба. Верувам во овој Тиквеш и верувам во наш пласман во следната фаза“ заврши Мојсов.

ПретходноМЗТ Скопје го завери Петков до 2027 година!
СледноПортугалец на голот на Вардар 1961