Ништо од историја: Тиквеш убедливо поразен на Исланд, заврши европската одисеја! (ВИДЕО)

1490

 

Бреидаблик – Тиквеш 3:1.Ова е епилогот од реванш дуелот во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Па така со севкупни 5:4 Бреидаблик оди во следната фаза и тоа на мегдан со Дрита. Додека Тиквеш ја заврши својата кусата европска одисеја, дебитантска, прва во својата клупска историја. Штета, можеше да биде се поинаку.Па така лани Струга ТЛ, а сега Тиквеш, се елиминирани од овој исландски тим.

 

А се почна феноменално за Тиквеш. Уште во 9.минута кавадарчани поведоа со голот на Спахиу откако Витао фантастично астираше. Прекрасен почеток на мечот за нашиот тим кој во тој момент имаше севкупно водство од 2:4.

И тогаш Исланѓаните тргнаа на се или ништо. Во неколку наврати опасно се закануваа, но одбраната на Тиквеш беше одлична, секогаш навреме ги отстрануваше проблемите пред својот гол. Бреидаблик го имаше поседот, ја имаше иницијативата. И тие 0:1 важеа се до 44.минута кога Стеинардсон израмни на 1:1.

Штета, па така се замина на пауза со тој резултатски егал од 1:1.

Во второто полувреме Бреидаблик одново почна со иницијатива, додека Тиквеш по секоја цена се обидуваше да наметне своја игра, но тешко успеваше во тоа.

И во таа 53.минута нов шок за кавадарчани. Гунлаугсон од околу дваесетина метри непречен од никого силно шутираше и постигна убав гол за водство на Бреидаблик од 2:1. Сега севкупниот резултат беше 4:4.

Тренерот Мојсов со неколку измени се обиде да го промени ритамот на теренот, но тоа тешко одеше. Тиквеш навистина беше борбен, но Бреидаблик како да ги диктираше настаните на теренот по тој втор гол.

Во 79.минута конечно шанса за Тиквеш, и тоа каква, но Лео Гуера беше непрецизен, се чини имаше и други решенија. Штета.

Пак нов шок за кавадарчани,Кристиансон во 87.минута стрела за 3:1. Со овој гол Тиквеш е елиминиран.

 

1.квалификациско коло во ЛК – реванш (прв меч 2:3)

БРЕИДАБЛИК – ТИКВЕШ 3:1 (0:0)

Стадион во Копавогур. Судија: Пеиман Симани (Финска). Стрелци: Стеиндорсон 44.,Гунлаугсон 53.,Кристаинсон 87. (Бре), Спахиу 9. (Тик).

БРЕИДАБЛИК: А.Еинарсон, Јеоман, Муминовиќ, Маргеирсон, Јонсон, Гуниагсон, Сигурдсон (75. Јоханесен), В.Еинарсон, Бјарнасон, Стеиндорсон(75.Кристиансон), Торвалдсон.

ТИКВЕШ: Тасев, Вареловски, Стоименовски, Мојсов, Маневски, Спиркоски (55.Тодоров), Робертино (65.Манасиевски), Спахиу (65. Ѓорѓиев), Стојкоски, Стојанов (55.Лео Гуера), Витао.

ПретходноБрентфорд сега го продава Тони со попуст од 50%
СледноЖута се врати во Хрватска, ќе игра за Шибеник